Стоилковиќ: Големите верски празници се потсетник на универзалните вредности што нè обединуваат

Стоилковиќ: Големите верски празници се потсетник на универзалните вредности што нè обединуваат

Честитка од потпретседателот на Владата и министер Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам

– Почитувани граѓани од исламската вероисповед, дозволете ми, во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, да ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

По завршувањето на светиот месец Рамазан, месец на пост, духовна посветеност и солидарност, ви посакувам празничните денови да ги поминете во мир, добро здравје, радост и спокој, опкружени со семејството и најблиските. Нека вашите молитви бидат примени, а вредностите на хуманоста, толеранцијата, заемната почит и меѓусебното разбирање бидат водилка во секојдневието на сите верници.

Големите верски празници се потсетник на универзалните вредности што нè обединуваат, за грижата за другиот, подадената рака кон оние на кои им е потребна помош и негувањето на соживотот. Само преку заемна почит, одговорност и заеднички заложби можеме да градиме праведно, инклузивно и просперитетно општество во кое сите граѓани ќе се чувствуваат еднакви и почитувани, без оглед на нивната верска или етничка припадност.

Нека празникот донесе мир во Вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, а духовниот благодет од овие денови нека биде поттик за личен и заеднички напредок во текот на целата година. Честит Рамазан Бајрам!, порача во својата празнична честитка потпретседателот во Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

Мени за пристапност