Стојановиќ своето образование го започнува во средното економско училиште УСО „Перо Наков“ во Куманово, по што студиите ги продолжува на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде се стекнуа со титулата – дипломиран политиколог.
Професионалната кариера ја започнува во 2004 година и сѐ до 2010 година останува во приватниот сектор. Во 2010 година застанува на позицијата раководител на одделение за управување со проекти и меѓународна соработка во Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Влада на РСМ.
Од 2015 до 2018 година е извршен директор на ГА-МА АД Скопје, а од 2018 повторно станува дел од Агенцијата за остварување на правата на заедниците при Влада на РСМ, каде е раководител на одделението за усогласување и координација на работата на органите на државната управа и промоција на правата на припадниците на заедниците.
За време на својата досегашна кариера има издадено и две публикации - Водич за спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација врз етничка припадност, возраст, ментална и телесна попреченост и врз полова основа, и Прирачник за обучувачи за правата на припадниците на заедниците. Владимир Стојановиќ зборува анлиски и српски јазик.