Заменик-министер за односи меѓу заедниците

 Неждет Мустафа

Неждет Мустафа

Заменик министер во Министерство за односи меѓу заедниците на Република Северна Македонија

Неждет Мустафа е роден во Скопје на 17.5.1962 година. Родител на три деца. Мајчин јазик му е ромскиот и добро говори македонски, српски, хрватски и германски јазик. Високото образование го завршува на Филозофскиот факултет во Скопје. Своето работно искуство го започнува во Аматерскиот театар „Рома“ како режисер. Основач е на првата ромска партија ПЦЕР, која подоцна се обединува со ДЛПР и станува Обединета партија за еднаквост на Ромите. Во текот на својата кариера се стекнува со функциите: градоначалник на Општина Шуто Оризари (два мандати), учествува во пратеничкиот состав во Собранието на Република Северна Македонија (два пратенички мандати), министер без ресор во Владата на Република Северна Македонија.

Од 2004 е генерален секретар на Ромскиот европски форум при советот на Европа во Стразбур. Мустафа има издадено две домашни публикации со наслов „Првите години“, 2002; Скопје и „Ромизам и антидефитизам”, 2023, Скопје.

Добитник е на многубројни награди и признанија „Благодарница за посебниот ангажман во формирањето на Европскиот ромски и патувачки форум-оснoвач (ЕРТФ)“, 2008 година; „3-та Ноемвриска награда“, 2015 година, „8–Априлска награда“ - Прв и најуспешен градоначалник на Општина Шуто Оризари, 2019 година, „Најуспешен Европски ромски политичар“, 2022 година.

Дипломиран професор по филозофија

Мени за пристапност