По повод Велигденскиот пост упатувам искрени желби до сите верници кои го започнуваат овој свет и значаен духовен период, деновите да им бидат исполнети со чиста мисла, добро здравје и духовен спокој.
Постот не е само воздржување, туку и пат кон внатрешно прочистување, смирение и зајакнување на личната истрајност. Токму истрајноста во мислата и делото е одраз на духовната зрелост и стремежот кон мир, мир во себе, но и мир со другите. Мир што започнува во срцето, а се пренесува во семејството, во заедницата и во општеството. Токму во овие денови се потсетуваме дека чистата мисла, трпението и човечноста се најцврстите темели на секое здраво и солидарно општество.
Во духот на постот, посакувам добро здравје, духовна сила и спокој во деновите пред нас. Нека овој пост нè поттикне на повеќе разбирање, почит и заемна поддршка, со верба дека преку личната промена придонесуваме за заедничко добро, истакна во својата празнична честитка заменик-претседателот во Владата на РС Македонија и министер во Министерството за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.