По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, во мое лично име и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, упатувам искрени честитки до припадниците на ромската заедница, со порака за почит, еднаквост и заеднички напредок.
Меѓународниот ден на Ромите претставува значаен датум за оддавање почит на идентитетот, културата и придонесот на ромската заедница во општеството.
РС Македонија останува посветена на унапредување на еднаквите права и можности за сите граѓани, како и на градење општество на единство, заедништво и меѓусебна почит, без поделби по кој било основ.
Министерството за односи меѓу заедниците ќе продолжи со активни политики насочени кон зајакнување на положбата и вклученоста на ромската заедница во сите општествени процеси.
На сите припадници на ромската заедница им го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, порача во честитката потпретседателот во Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.