Потпретседателот и министер Стоилковиќ со честитка по повод празникот Свети Климент Охридски

Потпретседателот и министер Стоилковиќ со честитка по повод празникот Свети Климент Охридски

Денес го чествуваме свети Климент Охридски, големиот просветител чија мисија за образование, писменост и човечко достоинство остави траен белег во нашата историја. Неговото дело нѐ потсетува дека силата на едно општество лежи во знаењето, почитта и единството.

Во духот на неговата визија да продолжиме да го градиме нашето општество како заедница во која различностите се богатство, а повеќеетничката кохезија наша заедничка обврска и најголема вредност.

Нека ни е честит празникот, нека е вечен споменот за свети Климент Охридски, чија мудрост и денес нѐ повикува кон заедништво и напредок, и нека неговата мисија и дело и понатаму останат наш заеднички аманет – да бидеме обединети како држава и да продолжиме да твориме иднина во која традицијата и современоста живеат во склад.

Мени за пристапност