Стоилковиќ со честитка по повод Денот на албанската азбука

Стоилковиќ со честитка по повод Денот на албанската азбука

По повод Денот на албанската азбука упатувам искрени честитки до припадниците на албанската заедница. Овој ден е значаен потсетник на важноста од зачувување на јазичните и културните вредности и на придонесот што различностите го даваат за нашето општество.

РС Македонија и понатаму останува посветена на унапредувањето на заедничкиот живот и на меѓусебното почитување во повеќе етничката и повеќе јазична средина. Јазикот е темел на идентитетот и мост што нè поврзува во заедничката иднина.

Нека овој празник биде поттик за уште посилна соработка, почит и заемно разбирање. На сите припадници на албанската заедница им го честитам Денот на албанската азбука, порача вицепремиерот и министер Иван Стоилковиќ во честитката по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

Мени за пристапност