Почитувани граѓани од католичката вероисповед, дозволете ми во мое лично име и во име на Министерството за односи меѓу заедниците да ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник – Христовото раѓање, Божиќ, порача во својата честитка потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.
- Нека светлината на овој празник ги исполни вашите домови со мир, надеж и радост, а вашите семејства со здравје, благосостојба и меѓусебно разбирање. Божиќ нека биде потсетник на значењето на солидарноста, човечноста и почитта, вредности што нè обединуваат и нè водат кон подобро општество.
Во овие празнични денови, посакувам да ги споделите радосните мигови со најблиските, исполнети со љубов, топлина и добра мисла. Нека духот на заедништвото и добрината нè охрабри да си подадеме рака и заеднички да градиме иднина заснована на заемна доверба и почит.
Ви посакувам среќни и благословени божиќни празници, поминати во мир, здравје и семејна хармонија, истакна Стоилковиќ.