Во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, дозволете ми да упатам искрени честитки до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.
Овој значаен ден во историјата на нашата држава нѐ потсетува на заедничката волја на народот изразена на референдумот во 1991 година – за суверена и демократска држава.
Независноста нè поттикнува да вложуваме постојани напори за општество засновано на еднаквост, меѓусебна почит, разбирање и солидарност меѓу сите национални заедници. Нашата сила отсекогаш била во нашата различност, а успехот во нашата способност да бидеме обединети во клучните цели.
Да ни е честит Денот на независноста – 8 Септември!, порача во честитката потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.