Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, дозволете ми да упатам искрени честитки по повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.
Овој значаен ден не е само симболичен датум, туку и жив потсетник на истрајноста, културната самобитност и значајниот придонес на бошњачката заедница во севкупниот развој на македонското општество.
Нејзиниот придонес во културата, образованието, економијата и јавниот живот претставува пример за вредности како што се соживот, дијалог и солидарност – вредности кои се од суштинско значење.
Министерството за односи меѓу заедниците и понатаму останува цврсто посветено на промовирање и заштита на правата на сите етнички заедници, како и на создавање услови за посилна социјална кохезија и меѓуетничка интеграција – вредности што се суштински за стабилноста, просперитетот и инклузивноста на нашето општество.
Меѓународниот ден на Бошњаците е повик и поттик – да продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина преку разбирање, еднакви можности и заемна почит.
Во духот на овие вредности – Честит Меѓународен ден на Бошњаците, порача во честитката потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.