По повод почетокот на светиот месец Рамазан упатувам искрени честитки до сите припадници на исламската вероисповед. Нека деновите на пост, молитва и духовна посветеност бидат поттик да ги негуваме највозвишените човечки вредности – хуманоста, солидарноста, меѓусебната доверба и почитта кон различностите. Во време кога предизвиците се заеднички, токму разбирањето, соработката и подадената рака се темелот врз кој градиме стабилен соживот и заедничка иднина.
Нека месецот на милост и простување донесе спокој во домовите, добро здравје и благосостојба, и нека ги зацврсти врските меѓу луѓето, поттикнувајќи нè на поголема грижа едни за други.
Во духот на празникот, посакувам лесен пост, добро здравје, мир и благосостојба во секој дом, со уверување дека вредностите што ги носи Рамазан ќе придонесат за понатамошно градење на општество засновано врз еднаквост, почит и заедничка одговорност, порача во својата празнична честитка заменик-претседателот во Владата на РС Македонија и министер во Министерството за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.