Стоилковиќ со честитка по повод 11 Октомври: Да ја чуваме слободата и одговорно да ја градиме иднината за генерациите што доаѓаат

Стоилковиќ со честитка по повод 11 Октомври: Да ја чуваме слободата и одговорно да ја градиме иднината за генерациите што доаѓаат

Потпретседателот и министер Стоилковиќ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание:

Денот на народното востание – 11 Октомври претставува историски пресврт и симбол на борбата против фашизмот и копнеж за слобода и достоинство на македонскиот народ. На овој ден се сеќаваме и им оддаваме највисока почит на сите храбри борци кои ја вградија својата жртва во темелите на нашата слобода и државност.

Востанието од 1941 година не беше само воена пресметка, туку и морална обврска – организирана, храбра и праведна борба за човекови права, еднаквост и самоопределување. Беше моментот кога македонскиот народ, заедно со сите заедници што живеат на овие простори, ја избра иднината на независна и демократска држава.

Денес, обединети околу вредностите на слободата, солидарноста и заедништвото, овој празник нека биде наш потсетник дека само преку меѓусебна почит, инклузивност и градење на заедничка иднина можеме да обезбедиме траен мир, стабилност и напредок.

Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание. Да ја чуваме слободата и одговорно да ја градиме иднината за генерациите што доаѓаат.

Мени за пристапност