ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН – еден од најдлабоко врежаните датуми во историската и колективна меморија на македонскиот народ и држава

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН – еден од најдлабоко врежаните датуми во историската и колективна меморија на македонскиот народ и држава

Во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, дозволете ми да ви го честитам 2 август, Илинден – Денот на Републиката – еден од најдлабоко врежаните датуми во историската и колективна меморија на македонскиот народ и држава.

 

Честувајќи го Илинден, денот кој нè обединува и инспирира, оддаваме почит на историските подвизи и вредносните темели врз кои се изгради идејата за слобода, правичност и заедништво. 

 

Денешниот Илинден нѐ потсетува на одговорноста која ја носиме – да ја чуваме и унапредуваме Републиката, да ги негуваме вредностите на единство, солидарност и разбирање, и да работиме за иднина во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и еднакво.

 

Нека е честит 2 август, Илинден – Денот на Републиката! Нека неговата порака за единство, достоинство и визија за подобро утре биде наша водилка, вели во својата честитка заменик-претседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Мени за пристапност