„Драги сограѓани, припадници на муслиманската верска заедница, во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, ви упатувам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам.
Курбан Бајрам е време на духовна длабочина, солидарност и блискост, кое нѐ потсетува на вредностите на добрината, пожртвуваноста и хуманоста.
Нека празникот ви донесе мир, благосостојба и радост во вашите домови и срца. Ви посакувам, пред сè, добро здравје, духовен спокој и семејна среќа.
Да продолжиме да ги негуваме меѓусебната доверба, разбирањето и почитта, како основа за соживот и заедничка иднина исполнета со почит и хармонија.
Честит Курбан Бајрам!
Со најдобри желби за здравје, среќа и благосостојба“, порача во својата честитка заменик-претседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.