Во насока на промовирање на заедничките вредности и размена на искуства, со цел унапредување на правата на заедниците во нашето општество, денес се одржа продуктивна средба помеѓу заменик-министерот во Министерството за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа и господинот Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“ за земјава.
На средбата двете страни ги истакнаа своите искрени надежи дека Министерството за односи меѓу заедниците и фондацијата „Конрад Аденауер“ ќе бидат партнери во градењето стратешки планови, со преземање конкретни чекори во она што е заедничка заложба и цел, а тоа е сите заедници во државата, да изградат реално чувство на припадност и еднаквост, како во меѓусебните односи така и пред институциите на системот.