Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ се потпиша во книгата на жалост отворена во Амбасадата на Република Србија во Скопје, а по повод трагедијата што се случи во Нови Сад. Во несреќата по падот на натстрешница на Железничката станица во Нови Сад загинаа 14 луѓе.
„Граѓаните на Македонија искрено ја споделуваат тагата на братскиот српски народ. Мое искрено сочувство и поддршка до семејствата на жртвите, како и искрени желби повредените што побрзо да закрепнат“, напиша вицепремиерот и министер Стоилковиќ.