Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари средба со претставници на Стоковата берза Киркларели од Република Туркије.
На средбата освен што стана збор за можноста да се изградат посериозни врски кога станува збор за билатералната соработката меѓу двете земји, од Стоковата берза Киркларели упатија и покана до потпретседателот и министер Стоилковиќ да присуствува на четвртиот по ред Саем за прехранбена и автомобилска индустрија во Киркларели, што ќе се одржи во декември.
„Можеме да бидеме пријатели, но ќе мораме да се почитуваме по резултатите што ќе ги оствариме зашто по нив ќе нѐ ценат“, порача на средбата вицепремиерот и министер Стоилковиќ и истакна дека треба уште повеќе да се подигне нивото на соработката со турската заедница која живее во земјава и која треба посериозно да биде интегрирана во институциите.