Во чест на 8 Септември, Денот на независноста, во просториите на „Madlena Art Palace“ во Белград се одржа свечен настан, организиран од Амбасадата на РС Македонија во Република Србија. Настанот се одржа под покровителство на Амбасадата, предводена од Неговата Екселенција, амбасадорот Никола Тупанчески.
На приемот присуствуваше заменик на претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, кој со своето присуство даде посебна тежина на одбележувањето на овој значаен државен празник.
Настанот претставуваше можност за зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји, преку дипломатска и културна размена, како и за продлабочување на пријателските врски.
Организираниот прием беше збогатен со пригодна културно-уметничка програма, а на него присуствуваа претставници од српската Влада, дипломатскиот кор, јавниот и културниот живот, како и членови на македонската заедница во Србија.