Потврда на успешната соработка со спортскиот камп „Србија те зове“

Потврда на успешната соработка со спортскиот камп „Србија те зове“

Потпретседателот на македонската Влада и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со г. Игор Маринковиќ, директор на спортскиот камп „Србија те зове“, проект наменет за деца од српската дијаспора кој секоја година се одржува под покровителство на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Средбата се одвиваше во духот на продлабочување на досегашната соработка и разгледување на можностите за нејзино унапредување во наредниот период. Во тој контекст, вицепремиерот и министер Стоилковиќ изрази искрена благодарност за вклученоста на децата од земјава кои не се само со српско етничко потекло, туку и деца Македонци, и во рамките на оваа значајна иницијатива посебно е нагласена важноста на проектот од културен, образовен и спортски аспект.

„Учеството во кампот претставува не само можност за спортска активност и социјализација, туку и значаен придонес во зачувување на културниот и духовниот идентитет. Искрено сме благодарни што децата од земјава се дел од оваа приказна“, истакна министерот Стоилковиќ.

На средбата беше констатирано дека ваквите програми претставуваат значаен механизам за јакнење на врските помеѓу припадниците на заедниците од дијаспората и нивните културни корени, како и за промовирање на интеркултурниот дијалог и разбирање меѓу младите генерации.

Оваа средба се надоврзува на поширокиот ангажман на Министерството за односи меѓу заедниците во насока на поддршка на иницијативи кои ја афирмираат етничката разновидност и го унапредуваат повеќе културниот карактер како во државата, така и во соработка со институции и проекти надвор од неа.

Оваа година во министерот Стоилковиќ присуствуваше и на свечениот прием организиран од страна на претседателот на Р Србија, г. Александар Вучиќ, во чест на младите учесници во кампот „Србија те зове 2025“. Годинава, кампот забележа рекордно учество од вкупно 436 деца од 18 земји, меѓу кои најмногубројни беа учесниците од Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

Мени за пристапност