Здружението „Диванхана“ успешно ја реализираше проектната активност „Еднакви во правата, заедно во знаењето“,финансирана од Министерството за односи меѓу заедниците.
Во рамки на оваа активност беше организирана обука за наставници од основните училишта каде наставата се реализира на босански и српски јазик, како и во училиштата каде босанскиот и српскиот јазик се изучуваат како изборни предмети „Јазик и култура на Бошњаците“ и „Јазик и култура на Србите“.
Со оваа обука, здружението „Диванхана“ даде значаен придонес во унапредување на наставата и зајакнување на меѓуетничката соработка и разбирање, со цел обезбедување еднакви услови за сите ученици и наставници во мултикултурното образование.