Стоилковиќ на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“: Разликата во работењето на МОЗ е огромна и видлива!

Стоилковиќ на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“: Разликата во работењето на МОЗ е огромна и видлива!

На денешната панел-дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“ одржана по повод една година Влада, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ зборуваше за затекнатите проблеми при стапувањето на функцијата во МОЗ, но и за тоа што сѐ е направено во изминатиот период.

– Кога ќе го слушнете премиерот како зборува дека затекнавме држава со разрушени темели, тоа најдобро може да се отслика во состојбата која ја затекнав во Министерството за односи меѓу заедниците. Таму не постоеше програма за работа, ниту документи за внатрешна работа на Министерството. Работата се одвивала надвор од правилата и прописите, надвор од законите и Уставот на нашата држава.


Така, она прво што успеавме и што видовме дека треба да се направи тоа е да усвоиме Стратешки план за работа. Стратешкиот план за работа предвидува активности на Министерството во однос на стабилизација на меѓунационалните односи и многу енергија и труд за воспоставување на политичка стабилност на државата како неопходен услов за економски развој на државата. Кога ги воспоставивме и внатрешните документи за работа и кога донесовме и програма за работа работите почнаа полека да се одвиваат во исправна насока. Да истакнам тука во делот од работењето на Министерството од времето на претходниот министер до денеска, односно до Буџетот со кој јас управувам, трошоците се намалени за 60 %, или да го доближам тоа до граѓаните поблиску, заштеда на средства на граѓаните некаде од 1 220 000 евра, значи сите непродуктивни трошоци сме успеале да ги укинеме и сѐ што на некој начин било резултат на претходно неодговорно работење не постои повеќе. Битно е дека навлеговме во потполна реализација на препораките нема седење дома, а примање плата, на Советот за реформа на јавната администрација, така од 296 вработени кои ги затекнав во Министерството по различни основи веќе 112 не се вработени во Министерството на различни начини, по различни основи. Да не бидам сфатен погрешно, тие 112 луѓе не се во Министерството на законски начин, зашто Министерството сѐ уште нема добиено ниту една поплака, ниту жалба, ниту тужба во однос на одлуките кои ги донело така да од тој аспект ни останаа уште 79 такви лица, тие процеси се во тек и се надеваме дека до крајот на годината ќе можеме да го затвориме и тоа поглавје од работата на Министерството и Министерството да остане со некаде 80-90 вработени што сметам дека е некоја рационална бројка за едно Министерството со таква одговорност.

Во меѓувреме донесовме нова програма за одбележување на деновите на националните заедници и мислам дека веќе кај припадниците на помалите етнички заедници промената се чувствува и таа е мошне сериозна. Имавме пречки на почетокот, меѓутоа полека но сигурно како поминува времето ги отстрануваме сите пречки и се надеваме дека како времето одминува така тие активности ќе земаат замав во добра насока.

Исто така, би сакал да зборувам и за конкурсот за финансирање здруженија и невладини организации затоа што имаше во еден дел реакции во јавноста зошто средствата се распределни на тој начин. Одговорив на некој начин, но сметам дека на македонската јавност треба уште еднаш да ѝ се каже – бидејќи е време на реформи, бидејќи е време на комплетни промени и дека она што беше “како до сега” не треба веќе така да биде и дека суштината на Министерството е сосема промената и дека покрај припадниците на помалите етнички заедници ние мораме да се погрижиме и за некои темелни определби на државата како што беше и промоцијата на ЕУ – борбата против корупцијата и слично, кои мораат да бидат дел од тие програмски определби.

И она што е најбитно, сите сметаат дека министерот носи интерни одлуки за распределба на средствата, што во овој момент не е случај, јас намерно себеси се исклучив од процесот на донесување одлука и одлуката ја препуштив на комисија која се состои од седум члена, претставници на скоро сите министерства. Во Комисијата од моето Министерство претставник беше припадник на бошњачката заедница, имаше еден припадник на влашката заедница, двајца Албанци и тројца Македонци, тоа е сѐ што се однесува до транспарентноста и до тоа дека на некој начин водиме грижа за тоа како средствата ќе се распределат за да се избегнат сите коментари дека како во претходниот период, министерот ги користел своите овластувања, па спротивно на препораките си ги менувал одлуките за доделување средства како што ќе си посакал. Така, во изминатиот период имавме доделување средства на 33 организации од една национална заедница што е сосема неприфатливо. Од тој аспект разликата е огромна и е многу видлива.

И на крајот, она што би сакал да потенцирам, е дека толку сме го напреднале функционирањето на Министерството што секој кој се ќе појави после мене на тоа место ќе навлезе во една добро уредена куќа, со солидни темели каде ќе може да продолжи да живее непречено и да си ја врши својата работа, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер Стоилковиќ.

Мени за пристапност