Средба Стоилковиќ – Старовиќ: Во пресрет на Лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

Средба Стоилковиќ – Старовиќ: Во пресрет на Лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

Заменик-претседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ попладнево го пречека и оствари средба со министерот за евроинтеграции во Владата на Р Србија Немања Старовиќ.

Старовиќ е во дводневна посета на земјава каде денес и утре се одржува Лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за забрзување на спроведувањето на Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан.

На лидерската средба најавено е присуство и на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската Унија, регионални организации и меѓународни институции.

Утре во рамки на лидерската средба ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан, а вториот на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Мени за пристапност