Етничката разновидност на избраните проекти како потврда за транспарентноста и објективноста на процесот на распределба – во согласност со стратешките определби на Владата

Етничката разновидност на избраните проекти како потврда за транспарентноста и објективноста на процесот на распределба – во согласност со стратешките определби на Владата

Врз основа на Одлуката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, наменети за поддршка на програмските активности на здруженија и фондации, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 254/24, спроведена е распределба на вкупен износ од 19.653.125,00 денари. Овие средства се предвидени во буџетскиот Раздел 04010 – Министерство за односи меѓу заедниците, Потпрограма 11 – Промоција на меѓуетнички односи, ставка 463 – Трансфери до невладини организации.

Средствата се доделуваат исклучиво врз основа на склучени договори за финансирање одобрени проекти, и се наменети за реализација на конкретни програмски активности, согласно поднесената проектна документација. Министерството за односи меѓу заедниците е институцијата надлежна за спроведување на оваа одлука, која стапува на сила наредниот ден од објавувањето во „Службен весник“.

Процесот на распределба на средствата го спроведе комисија формирана од Министерството за односи меѓу заедниците, составена од претставници на следниве институции: Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за финансии, Министерството за правда, Министерството за европски прашања, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, како и Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

По спроведената евалуација, од вкупно 105 пристигнати апликации, 89 беа уредно доставени, 12 беа со непотполна документација, а 4 беа поднесени по истекот на утврдениот рок. Конечната ранг-листа опфати 33 највисоко оценети проекти, чиешто финансирање беше одобрено.

Одобрениот корпус на проекти ја одразува етничката разновидност на подносителите – вклучувајќи организации кои ги претставуваат албанската, ромската, бошњачката, српската, турската и влашката заедница. Проектите, покрај тоа, се насочени кон поддршка на имплементацијата на Рамковниот договор, промоција на европските интеграции и борба против корупцијата.

Овој инклузивен пристап претставува јасна потврда за транспарентноста и објективноста на процесот на селекција, во согласност со стратешките приоритети на Владата за унапредување на меѓуетничките односи и зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија.

Мени за пристапност