Стоилковиќ на отворањето на Конзулатот на Република Србија во Куманово

Стоилковиќ на отворањето на Конзулатот на Република Србија во Куманово

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ присуствуваше на отворањето на Конзулатот на Република Србија во Куманово. Конзулатот ќе работи на унапредување на односите помеѓу двете земји и граѓаните во области на културата, образованието, економската соработка, туризмот, а почесен конзул е Владимир Стајиќ.

Во своето обраќањето вицепремиерот и министер Стоилковиќ истакна дека отворањето на Конзулатот е потврда за добрите односи меѓу двете земји.

„Ова само покажува дека сме на добар пат, односите помеѓу Србија и Македонија да достигнат што е можно повисоко ниво, бидејќи граѓаните од двете земји имаат желба за тоа. Наша работа како политичари е согласно објективните околности и можности да отвориме пошироки врати за соработка. Македонската Влада во наредниот период има намера односите да ги развива на поквалитетно и повисоко ниво. Почесните конзулати се дел од големата приказна на можностите кои се нудат од соработката која е во интерес на доброто на граѓаните од двете страни на границите и не би требало да има пречки, доколку има ќе се обидеме да ги совладаме во поддршка на граѓаните од едната и другата страна“, рече Стоилковиќ.

Мени за пристапност