Обука за истражувачка методологија и аналитичко пишување во МОЗ

Обука за истражувачка методологија и аналитичко пишување во МОЗ

Во периодот од 3 до 7 јули 2025 година во просториите на Министерството за односи меѓу заедниците се одржа обука под наслов „Истражувачка методологија и аналитичко пишување“, организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Обуката беше наменета за вработените во Министерството, со цел унапредување на нивните вештини во областа на истражувањето и подготовката на аналитички документи кои придонесуваат кон ефикасно креирање јавни политики.

Обуката понуди сеопфатен пристап кон истражувачки методологии, начини на прибирање и анализа на податоци, како и техники за јасно и ефективно аналитичко пишување. Учесниците имаа можност да работат на практични вежби, дискусии и симулации кои одразуваат реални предизвици од секојдневната работа во јавната администрација.

Од Мисијата на ОБСЕ во Скопје истакнуваат дека целта на обуката е да се придонесе кон градење институционални капацитети кои ќе овозможат креирање инклузивни политики што се базираат на темелни анализи и конкретни податоци.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје обучува професионалци од Министерството за односи меѓу заедниците со вештини за истражување и аналитичко пишување. Со практични алатки и свежи знаења, тие се подобро подготвени да обликуваат инклузивни политики засновани на докази – онаму каде што се најпотребни. Бидејќи омоќени професионалци водат вистинска промена во нивните заедници“, велат од ОБСЕ.

Учесниците на обуката ја оценија како мошне корисна и применлива во нивната секојдневна работа. Како резултат на позитивните повратни информации, Министерството за односи меѓу заедниците и Мисијата на ОБСЕ најавуваат и идни соработки на слични обуки и развојни активности, со фокус на теми што придонесуваат за инклузивност, транспарентност и ефикасност во јавните институции.

Мени за пристапност