По повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, Министерството за односи меѓу заедниците организираше свечен настан кој се одржа денес, во просториите на Министерството со почеток во 12:00 часот.
На настанот присуствуваа претставници на бошњачката заедница, ученици од ООУ „Братство и единство“ од село Средно Коњари и подрачното училиште „Дитурија“ од село Љубин, како и бројни гости и пријатели на заедницата.
Во своето обраќање, министерот за односи меѓу заедниците истакна: „Денес, со особено чувство на чест и одговорност, дозволете ми, во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, да упатам искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците. Бошњаците се нераскинлив дел од повеќеетничката структура на државата, тие имаат важна улога во унапредувањето на културата, образованието, економијата и јавниот живот. Тие се пример за вредности како што се соживот, дијалог и солидарност.“
Министерот посочи дека во време на глобални предизвици, како поларизација и исклучување, државата има задача – но и привилегија – да биде простор каде што дијалогот и заемното почитување се основа на заедничкиот соживот.
„Министерството за односи меѓу заедниците и понатаму останува доследен партнер на сите етнички заедници во земјата, работeјќи на унапредување на нивните права, зачувување на културната самобитност и градење на општество кое не остава никого зад себе“, рече министерот и додаде: „Само преку меѓусебно разбирање, еднакви можности за сите и почит кон различностите, можеме да изградиме стабилно, инклузивно и праведно општество. Во духот на овие вредности – нека е Честит Меѓународниот ден на Бошњаците!