Битола вчера беше домаќин на прославата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите. Овој ден има посебно значење за ромската заедница ширум светот и се прославува со низа настани кои имаат за цел да ја истакнат важноста на културата, традицијата и правата на Ромите.
Заменик-министерот Неждет Мустафа во својот говор им го честиташе празникот на сите припадници на ромската заедница, истакнувајќи ја обврската за постојано залагање во подигнување на свеста и охрабрување во процесот на интеграција на Ромите во општеството.
„Со одбележувањето на 8 Април ја даваме нашата поддршка за продолжување на напорите во унапредувањето на правата и состојбата на Ромите во сите аспекти од живеењето. Заедно продолжуваме да работиме на градење на инклузивно општество со сите заедници“, истакна Мустафа.
Настанот беше збогатен и со културно-уметничка програма која го одразува богатството на ромската култура.