Стоилковиќ со честитка по повод Велигден: Нека овој празник донесе благодат, радост, здравје и благосостојба во домовите!

Стоилковиќ со честитка по повод Велигден: Нека овој празник донесе благодат, радост, здравје и благосостојба во домовите!

Во овие светли денови на големиот христијански празник Велигден дозволете ми до сите граѓани кои го празнуваат Христовото Воскресение да упатам најискрени честитки и желби за добро здравје, љубов и меѓусебно разбирање.

Велигден е симбол на нов почеток, надеж, можност и духовна обнова – вредности кои ни се потребни повеќе од кога било, па затоа нека биде поттик да ја искажеме нашата љубов, да ја зајакнеме нашата толеранција, да го зачуваме и негуваме нашиот повеќе етнички и културен идентитет и да продолжиме да чекориме по патот на мирот и добрината – праведно, чесно и одговорно. Во духот на солидарноста, заедништвото и почитта, да продолжиме да ја градиме нашата заедница врз темели на разбирање, човечност и заеднички успех.

Почитувани сограѓани, посакувам во срцата на сите да завладее празнична радост и со божји благослов да го прославиме Велигден. Нека овој празник донесе благодат, радост, здравје и благосостојба во домовите. Христос воскресе! Навистина воскресе! – порача потпретседателот во Владата на РСМ и министер Иван Стоилковиќ.

Мени за пристапност