Стоилковиќ: Нека Велигден биде поттик за нова енергија, позитивни мисли и заеднички чекори кон подобра и посигурна иднина

Стоилковиќ: Нека Велигден биде поттик за нова енергија, позитивни мисли и заеднички чекори кон подобра и посигурна иднина

Почитувани граѓани, во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, по повод големиот христијански празник Велигден, упатувам срдечни честитки до сите верници кои го слават Христовото Воскресение, со искрени желби за здравје, спокој и радост во вашите домови.

Овој празник носи силна порака за верата, обновата и силата на доброто. Нè потсетува дека токму во моментите на предизвици, човечноста, разбирањето и поддршката меѓу луѓето се најважни. Да го искористиме овој период за да покажеме повеќе грижа едни за други, да ги надминеме разликите и да го зајакнеме чувството на припадност и заедништво.

Нека Велигден биде поттик за нова енергија, за позитивни мисли и дела, и за заеднички чекори кон подобра и посигурна иднина за сите граѓани.

Ви посакувам празнични денови исполнети со топлина, љубов и благослов.

Христос воскресе! Навистина воскресе! – порача потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

Мени за пристапност