Нека ни е честит и вековит празникот! Само сплотени можеме да градиме стабилна и сигурна иднина

Нека ни е честит и вековит празникот! Само сплотени можеме да градиме стабилна и сигурна иднина

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ со честитка по повод 11 Октомври:

11 Октомври е симболгордост и традиција на македонскиот народ, а ние денес оддавајќи им почит на сите храбри борци и учесници во народноослободителното востание не само што го славиме патот до конечната победа преку народноослободителна борба исполнет со хероизам и страдање, туку и пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна, суверена и независна држава.

Нека 11 октомври ни биде инспирација за надминување на насилството, поделбите, понижувањето и дискриминацијата меѓу луѓето и ѕвезда водилка дека само сплотени можеме да градиме стабилна и сигурна иднина.

Нека овој идеал нѐ води до подобра сегашност и уште подобра иднина затоа што само така можеме да им обезбедиме просперитет и да оставиме наследство со кое идните генерации ќе се гордеат.

Нека ни е честит и вековит празникот!

Мени за пристапност