
Дел од државно-црковната делегација по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на одбележувањето на 121-годишнината од Крушевската Република и 80-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, а предводена од претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова, беше и заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.
По завршувањето на активностите во Пелинце, во чии рамки претседателката Сиљановска-Давкова имаше обраќање, положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ и ја посети спомен-собата во истиот, делегацијата се упати кон манастирот „Прохор Пчински“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ, а беа пречекани од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.
Во состав на државно-црковната делегација која ја предводеше претседателката Сиљановска-Давкова беа и потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, македонскиот амбасадор во Република Србија Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци Наум Буревски и Снежана Несторовска и митрополит кумановско-осоговски Григориј.„Денеска е денот кој инспирира и обединува, ден на сонот, желбата и одлучноста на многу генерации од минатото, ден за почит на храбрите револуционери, ден за верба во идеалите на слободата, но и ден за надеж во подобро утре. Нека е честит Денот на републиката, Илинден, големиот верски и национален празник на македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија“, порача вицепремиерот и министер Стоилковиќ