Честитка по повод почнувањето на Рамазанскиот пост

Честитка по повод почнувањето на Рамазанскиот пост

Почетокот на најсветиот месец кај муслиманите, Рамазан, и неговата симболика нека го поттикнат она што е највредно во човекот, олицетворено во милосрдието, довербата, толеранцијата и почитувањето на другиот.

Нека овој празник на молитва, добрина и простување биде поттик за меѓусебно помагање и почитување бидејќи само така, а почитувајќи ги разликите, ќе успееме да изградиме соживот и посветла иднина за сите граѓани.

Во духот на празникот на припадниците на исламската вероисповед во земјава им посакувам лесни рамазански пости, добро здравје, мир, благосостојба, љубов и проштавање, со верба дека месецот Рамазан ќе ги зацврсти овие вредности, вели во својата празнична честитка заменик-претседателот во Владата и министер во МОЗ Иван Стоилковиќ.

Мени за пристапност