Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за односи меѓу заедниците, г. Мирослав Тричковиќ одржа координативен состанок со авторите на учебници на јазиците на заедниците.
На состанокот се разговараше за понатамошните чекори што ќе ги преземе Управата, со цел учебниците во најкус можен рок да бидат достапни за учениците кои следат редовна и изборна настава на српски и босански јазик.
На средбата, меѓу другото, се дискутираше и за потешкотиите со кои се соочуваат наставниците во процесот на реализација на наставата на мајчините јазици на овие заедници.
Беше договорено унапредување на координацијата со цел поефикасна реализација на потребните чекори и обезбедување поквалитетна настава на јазиците на припадниците на заедниците.