Средба Стоилковиќ – Салиу: Фокус на разговорот – подлабока соработка меѓу двете ресорни министерства

Средба Стоилковиќ – Салиу: Фокус на разговорот – подлабока соработка меѓу двете ресорни министерства

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ оствари работна средба со министерот без ресор Шабан Салиу, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030

На средбата се дискутираше на повеќе теми со фокус на подлабока соработка меѓу двете ресорни министерства, се разбира, согласно ингеренциите.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ на средбата меѓу другото го запозна министерот Салиу и дека согласно предвидениот буџет за следната година се обезбедени еднакви средства за сите етнички заедница, како и дека и понатаму ќе остане интенцијата сите да се чувствуваат рамноправно и нивната положба да се издигне на повисоко ниво.

Двајцата соговорници на крајот од средбата се согласија дека ова е само иницијален исчекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови.

Мени за пристапност