Стоилковиќ на отворањето на саемот “Винска визија – Отворен Балкан”

Стоилковиќ на отворањето на саемот “Винска визија – Отворен Балкан”

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ како дел од делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на отворањето на саемот “Винска визија – Отворен Балкан” кој од 22 до 24 ноември се одржува на Белградскиот саем.

“Винска визија – Отворен Балкан” e саем на вино, храна и туризам што се одржува во рамките на Отворен Балкан афирмираната платформа за мир. На него ќе настапат повеќе од 80 изложувачи, а ќе бидат претставени македонските винарии и дестилерии.

“Винска визија – Отворен Балкан” е одлична можност за презентација, промоција, но и поврзување на регионот во смисла на размена на производите.

Винската индустрија е вистински амбасадор на државата, и со вкупен извоз од 50 милиони евра годишно придонесува во бруто домашниот производ.

Мени за пристапност