Средба на заменик-министерот Мустафа со шефот на мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ

Средба на заменик-министерот Мустафа со шефот на мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ

Заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа и шефот на мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ во Скопје Ебен Фридман одржаа средба на која се разменија идеи, иницијативи и стратегии за унапредување на меѓуетничките односи и подобрување на соживотот во Македонија. 
             Точките на кои се дискутираше беа актуелните предизвици со кои се соочува земјата во процесите на реформирање на правата и слободите на граѓаните, како и за важноста на заедничкото работење на Владата на РС Македонија и ОБСЕ во контекст на демократските вредности, владеењето на правото и интеграцијата на различните етнички заедници. Господин Фридман ја потврди поддршката на ОБСЕ за континуираното јакнење на демократските процеси во земјата, посебно во областите од образованието, владеењето на правото, медиумската слобода и зајакнувањето на капацитетите на институциите кои работат на интеграцијата на различните заедници. 
             Средбата беше уште една потврда за силната посветеност на ОБСЕ и македонските власти за создавање општество засновано на еднаквост, соживот и меѓусебно разбирање. Заеднички беа изразени очекувања за продолжување на успешната соработка и унапредување на реформите кои ќе водат кон стабилна и просперитетна иднина на државата.

Мени за пристапност