Работна средба на тема Пристапи за таргетирање на говорот на омраза против помалубројните етнички заедници во Западен Балкан

Работна средба на тема Пристапи за таргетирање на говорот на омраза против помалубројните етнички заедници во Западен Балкан

Заменик-министерот Неждет Мустафа учествуваше на панел-дискусија на тема „Моменталната состојба на етничките заедници во Западен Балкан“ организирана од Центарот за ромска заедница ДРОМ, предводена од претседателот Ахмет Јашаревски. Настанот, кој собра претставници од различни институции, граѓански организации и меѓународни партнери, се фокусираше на анализирање на актуелната состојба на етничките заедници и нејзино подобрување во РС Македонија и регионот.

Во своето обраќање заменик-министерот ја истакна посветеноста на Министерството во унапредување на правата и подобрување на положбата на сите етнички заедници во земјата. Потенцираше и дека дијалогот меѓу државните органи, граѓанскиот сектор и меѓународната поддршка од партнерите се клучен фактор за постигнување на поголема инклузивност и еднаквост.

Поздравен говор одржа и европратеникот и претседателот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), Лорант Винче, кој ја нагласи важноста на меѓународната соработка во заштитата на малцинските права и потребата од континуирани напори за нивна интеграција и десегрегација во општеството.

Настанот продолжи со отворена дискусија во која учесниците ги истакнаа секојдневните предизвици од нивните матични земји и дадоа свои предлози за унапредување на состојбата на етничките заедници во земјата. 
Работната средба на заменикот-министер и господинот Винче заврши со посебен состанок на кој се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат помалубројните етнички заедници и начинот на којшто меѓународната заедница во соработка со Министертсвото би можеле позитивно да одговорат и да понудат конкретни решенија. 

Мени за пристапност