Во пресрет на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, потпретседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, оствари средба со вработените припадници на ромската заедница во Министерството.
На средбата вработените ги споделија своите искуства, предизвици и предлози, при што беше истакната потребата од континуирани активности насочени кон подобрување на положбата на ромската заедница и градење на општество без разлики. Се разговараше и за актуелната положба на Ромите, нивното учество во институциите, како и за можностите за понатамошно унапредување на нивната вклученост во општествените процеси.
Посебен акцент беше ставен на создавање услови за еднаков пристап до можности, професионален развој и јакнење на институционалната поддршка.
Министерот ја нагласи важноста од отворен дијалог и директна комуникација со вработените, како основа за креирање поефикасни политики и мерки што ќе одговорат на реалните потреби.
Министерството за односи меѓу заедниците останува посветено на унапредување на еднаквоста, инклузијата и меѓусебната почит, како темелни вредности на едно демократско општество.