Стоилковиќ: Влашката култура, јазик и идентитет се составен и нераскинлив дел од богатото културно ткиво на нашата држава

Стоилковиќ: Влашката култура, јазик и идентитет се составен и нераскинлив дел од богатото културно ткиво на нашата држава

Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, дозволете ми да ви упатам искрени честитки по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, ден кога ја оддаваме заслужената почит кон вашата богата култура, традиција и историски придонес.

Овој значаен датум претставува симбол на почитување на јазичната и културната разновидност, потсетник за важноста на зачувувањето на културното наследство, како и афирмација на вредностите на меѓусебна почит, разбирање и соживот. Истовремено, тоа е признание за сето она што влашката заедница го вложува во развојот на нашето повеќекултурно и демократско општество.

Влашката култура, јазик и идентитет се составен и нераскинлив дел од богатото културно ткиво на нашата држава и мозаикот на македонското културно наследство. Нека 23 Мај биде поттик за понатамошно негување и афирмирање на влашкиот идентитет и вредности – во духот на соживот, инклузивност и заемно почитување.

Негувањето и зачувувањето на културниот идентитет е заеднички интерес и обврска на сите нас кои се залагаме за општество во кое се вреднуваат различностите и се унапредуваат правата на сите заедници.

Ви посакувам овој празник да го прославите во здравје, радост и гордост, со чувство на припадност и поддршка, вели во својата честитка по повод Националниот ден на Власите заменик-претседателот во Владата на РС Македонија и министер Иван Стоилковиќ.

Мени за пристапност