Меѓународниот ден на ромскиот јазик – 5 Ноември денес по иницијатива на министерот без ресор Шабан Салиу беше одбележан во Владата на РСМ. Настанот започна со интонирање на химната на РС Македонија и химната на Ромите, за потоа да продолжи со културен перфоманс во изведба на реномиран ромски уметник.
На настанот свои излагања имаа министерот без ресор Шабан Салиу, претседателот на Владата Христијан Мицковски, а со своето присуство го збогатија и министрите од Владата на РСМ, претставници од невладиниот сектор, како и гости и пријатели на ромскиот народ.
Министерството за односи меѓу заедниците на овој настан беше претставено од вицепремиерот и министер Иван Стоилковиќ, заменик-министерот Неждет Мустафа, како и членови од нивните кабинети.
Нека ни е вековит 5-ти Ноември, Ден на ромскиот јазик.