Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, во рамки на денешното одбележување на 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на АСНОМ – два клучни столба во македонската државност, беше дел од владината делегација која оддаде почит пред спомен-обележјето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
– Денешниот Илинден нѐ потсетува на одговорноста која ја носиме – да ја чуваме и унапредуваме Републиката, да ги негуваме вредностите на единство, солидарност и разбирање, и да работиме за иднина во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и еднакво.
Нека е честит 2 август, Илинден – Денот на Републиката! Нека неговата порака за единство, достоинство и визија за подобро утре биде наша водилка, порача вицепремиерот и министер Стоилковиќ.