Заменик-министерот положи венец на спомен-обележјето за настраданите Роми во Втората светска војна

Заменик-министерот положи венец на спомен-обележјето за настраданите Роми во Втората светска војна

    Заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа учествуваше на комеморативниот настан организиран од Националниот совет на ромското национално малцинство во Република Србија, со положување венец на спомен-обележјето за настраданите Роми во Втората светска војна.

    Настанот се одржа во Панчево со цел зачувување на сеќавањата на жртвите и да поттикне свест за значењето на човековите права и еднаквоста.

    Овој чин на сеќавање ја нагласува важноста на историското помнење и континуираните напори за унапредување на правата и положбата на ромската заедница.

Мени за пристапност