Заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа оствари работен состанок со амбасадорот на Република Туркије, г. Фатих Улусој на која се дискутираше за клучните прашања поврзани со меѓуетничките односи и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.
Посебен акцент беше ставен на улогата и важноста на Министерството за односи меѓу заедниците во градењето на кохезивно општество, со фокус на спроведување на мерките и алатките кои произлегуваат од Рамковниот договор. На средбата се разговараше и за подобрување на меѓуетничките и верските односи, како и за проактивен пристап во решавањето на инфраструктурните предизвици во мултиетничките општини низ земјата.
Средбата резултираше со зацврстување на соработката помеѓу двете институции и потврда на несебичната поддршка во интерес на сите заедници во РС Македонија. Оваа средба претставува уште еден чекор напред кон заеднички напори за изградба на хармонично и инклузивно општество.