Заменик-министерот Мустафа на Самитот на ромски лидери во Европа и балканските земји

Заменик-министерот Мустафа на Самитот на ромски лидери во Европа и балканските земји

Заменик-министерот Неждет Мустафа учествуваше на Самитот на ромски лидери во Европа и балканските земји на тема: „Преглед на европските политики за Ромите: од локално до глобално’’, кој се одржа во Будимпешта.

На самитот беа поканети ромски политичари и претставници од владите на балканските земји како и претставници од интернационални ромски организации. Настанот беше организиран од владините институции на Р Унгарија, чии претставници одржаа поздравни говори, а истиот се следеше и во живо преку платформата за состаноци „зум“.

На самитот низ панел-сесии се дискутираше за улогата на избраните Роми во развојот на политиката на регионално и европско ниво, координација на националните и стратегиите за инклузијата на Ромите на ниво на ЕУ и Западен Балкан, зајакнување на политичкото влијание на Ромите во институциите и создавање механизми за одговорност за спроведување на политиките со цел подобро креирање на идните политики поврзани со Ромите и ромското прашање. 

Мени за пристапност