Стоилковиќ се сретна со претставници на Партијата на Власите од Македонија

Стоилковиќ се сретна со претставници на Партијата на Власите од Македонија

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со претставници од Партијата на Власите од Македонија.

Средбата на која присуствуваа Стерјо Папули, претседател на ПВМ, Ѓорѓи Ѓоргиев, генерален секретар, Стерја Костовски, заменик-претседател, и Михајло Чункоски, претседател на општинската организација Карпош, се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е чекор со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови.

Мени за пристапност