Стоилковиќ: Партиципативниот форум е пример како постојаната соработка може да води до конкретни подобрувања за заедниците во државата

Стоилковиќ: Партиципативниот форум е пример како постојаната соработка може да води до конкретни подобрувања за заедниците во државата

Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје одбележаа петнаесет години Партиципативен форум, еден од најдолготрајните механизми на РС Македонија за дијалог помеѓу државните институции и претставници на помалубројните заедници,

Создаден во 2011 со поддршка од Мисијата, Партиципативниот форум обезбедува структурен и кредибилен простор каде заедниците се во контакт со институциите за прашања поврзани со нивните права, застапеност и учество во јавниот живот.

На настанот се обратија потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, д-р Сузан Пенкса, заменик – шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и Далибор Китановиќ, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Стоилковиќ ја истакна посветеноста на Владата за поттикнување инклузија.

„Владата продолжува да ги поддржува механизмите кои ја зајакнуваат социјалната кохезија. Партиципативниот форум е пример за тоа како постојаната соработка може да води до конкретни подобрувања за заедниците во државата“, посочи Стоилковиќ.

Мени за пристапност