Стоилковиќ на Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Стоилковиќ на Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Потпретседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ присуствуваше на Свечената академија по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, организирана под покровителство на претседателката на РСМ  Гордана Силјановска-Давкова.

На настанот беа испратени пораки за зачувување и правилна употреба на јазикот кој е душата, идентитетот и светогледот на еден народ, а беше истакнато и дека официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е вештачка конструкција, туку претставува логичен след на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на целата јазична територија. Неговото дијалектно богатство вградено во литературата и стандардот го прави посебен, уникатен, со долга историја и особен влог во рамките на групата словенски јазици и светското јазично семејство.

„Овој ден, кој се одбележува како јазична и културна победа, е важен симбол за македонскиот народ, а годишнината од оваа важна историска пресвртница е потсетник за значењето на зачувувањето и развојот на македонскиот јазик. Грижата за мајчиниот јазик е од суштинско значење за зачувување на културниот, историскиот и националниот идентитет и тој не е само средство за комуникација, туку и основа на личната и колективната меморија, традиција и вредности”, порача Стоилковиќ по повод Денот на македонскиот јазик.

 

 

Мени за пристапност