Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, учествуваше на меѓународната конференција „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ), што се одржа во Белград. Настанот собра високи владини претставници, експерти и деловни лидери од регионот и Европската Унија, со цел да се дискутира за иднината на Западен Балкан – регионална интеграција, дигитална трансформација и модерна, паметна економија.
Во своето обраќање, потпретседателот Стоилковиќ истакна дека конференцијата претставува одлична можност за размена на искуства, идеи и визии меѓу земјите од регионот.
„Регионалната соработка, економската поврзаност и дигиталната трансформација се клучот за стабилен и просперитетен Балкан во рамките на стабилна Европа“, нагласи тој.
Стоилковиќ посочи дека иднината на регионот лежи во функционална интеграција, каде што границите ќе бидат премини кон заедничка корист, а не пречки за развој.
„Нашиот регион долго време беше заробен меѓу политички сенки и економски бариери. Денес, иднината ја гледаме во паметни решенија, заеднички инвестиции и дигитална инфраструктура што ги поврзува луѓето, институциите и економиите“, изјави потпретседателот.
Посебен акцент во неговото обраќање беше ставен на дигитализацијата и модернизацијата како двигатели на институционален напредок и економска ефикасност. Република Северна Македонија, како што истакна Стоилковиќ, активно работи на модернизација на сообраќајната и енергетската инфраструктура, особено на Коридорот 10 – дел од Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T), како и на дигитални решенија што ќе овозможат подобра поврзаност и транспарентност во јавниот сектор.
„Со поддршка од ЕУ и ЕИБ сакаме да изградиме инфраструктура која ќе биде интероперабилна, енергетски ефикасна и усогласена со европските стандарди. Но, за тоа да стане реалност, неопходно е заедничко планирање, прекугранична соработка и размена на добри практики“, порача Стоилковиќ.
Во заклучокот, потпретседателот на Владата испрати порака дека Западен Балкан не е само на прагот на Европа,
Иван Стоилковиќ, Western Balkans 2030, ЕИБ, дигитализација, модернизација, регионална интеграција, економска поврзаност, паметна економија, инфраструктура, ЕУ, TEN-T, Западен Балкан, инвестиции, транспарентност.
туку е составен дел од европското семејство.
„Да изградиме регион во кој младите остануваат затоа што имаат можности, инвеститорите вложуваат затоа што имаат предвидливост, и каде што соработката ги надминува поделбите“, рече Стоилковиќ.