Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со новоименуваниот француски амбасадор Кристоф ле Риголер

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со новоименуваниот француски амбасадор Кристоф ле Риголер

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, г. Кристоф ле Риголер.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со фокус на билатералните односи меѓу двете земји, како и зајакнување на соработката во полето на меѓуетничките односи.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ на новоименуваниот амбасадор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава и воедно изрази благодарност за континуираната поддршка од Франција, особено во процесот на евроинтеграциите на нашата земја и за заложбите за промоција на заедничките вредности, како што се еднаквоста, почитувањето на различностите и мултикултурниот дијалог.

Амбасадорот Ле Риголер истакна дека Република Франција ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон Европската Унија, но и во имплементацијата на стратешки проекти, нагласувајќи го значењето на заедничките иницијативи за унапредување на толеранцијата и соживотот меѓу различните заедници.

Двајцата соговорници се согласија дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина, како и дека добрата соработка меѓу владините институции е клучна за одржување на стабилноста и просперитетот.

Мени за пристапност