На средбата уште еднаш беа испратени пораки за продлабочување на соработката меѓу двете земји и положбата на српскиот народ во земјава, како и на македонскиот народ во Република Србија.
„Чест ми е што можам да ве поздравам, инсистирав на оваа средба затоа што ова, но и фактот дека имаме Србин во Владата на РС Македонија за нас не е само прашање на симболика, туку суштинско. Добивме уверување дека Коридор 10 е определба на оваа Влада, а зборувавме и за максимално поедноставување на процедурите на границите. Што се однесува до нас, ние сме максимално подготвени да го направиме ова. Многу е важно и Македонија да биде дел од Експо и мило ми е што токму заменик-претседателот и министер Стоилковиќ ќе го води тој проект“, истакна на средбата премиерот Вучевиќ и упати апел до српската заедница во земјава во сите различности кои, како што рече, ги имаaт двата народа, да го зачуваат националниот идентитет.
„Истото сакам да им го порачам и на Македонците кои живеат во Србија“, рече премиерот Вучевиќ.
„Денешната посета на премиерот Вучевиќ е круна на неодамнешната подготовителна посета на Белград и сето она што го сработевме во претходниот период“, порача заменик-претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.
Претходно во текот на денот потпретседателот и министер Стоилковиќ го пречека премиерот Вучевиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, по што двајцата поминаа низ шпалир од 18 гардисти.